Инструментот за претпристапна помош за рурален развој – програмата ИПАРД II (2014– 2020) за Република Македонија претставува пристап до фондовите на Европската Унија наменети за финансиска помош за одржливо земјоделство и рурален развој. Фокусот е на имплементација на законодавството на Европската Заедница во однос на заедничката земјоделска политика и политиките за конкурентно одржливо земјоделство, силни и одржливи рурални заедници, како и разновидна и одржлива рурална животната средина.
Подготовки на Програмата за користење на средствата од инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија (ИПАРД) за периодот 2014-2020.
Процесот на подготовка на програмата ИПАРД II (2014-2020) беше спроведен во надлежност на Секторот за управување со претпристапната помош на ЕУ за руралниот развој ИПАРД, во соработка со агенцијата ИПАРД и во постојана консултација со сите релевантни заинтересирани страни (државни, регионални,локални и други јавни органи, економските и социјалните партнери и сите други соодветни тела што го претставуваат граѓанското општество, невладините организации, вклучувајќи ги и еколошките организации, претставници на малцинските групи, заинтересирани страни и тела одговорни за промовирање на еднаквоста меѓу мажите и жените).
Во програмата ИПАРД II 2014-2020 се предвидени следниве 5 мерки:
Со 10 илјади евра за отпочнување бизнис во земјоделскиот сектор , државата ги поддржува сите оние кои со бизнис план ќе аплицираат до Платежната агенција. Поддршката за започнување со земјоделска дејност се доделува на млад земјоделец на возраст од 18 до 40 години старост кој за прв пат започнува да се занимава со земјоделска дејност преку преземање на постоечко земјоделско стопанство или со воспоставување на ново земјоделско стопанство. Парите се исплаќаат според деловниот план на подносителот. Земјоделците средствата најчесто ги побаруваат за нови насади, набавка на нова механизација и развој на агробизнисот.
Од федерацијата на фармери очекуваат дека со ваквите проекти значително ќе се унапреди аграрот и дека младите со своите знаења и модалитети значително ќе придонесат за развојот на земјоделието во Република Македонија.
Поддршката за започнување со земјоделска дејност се доделува на млад земјоделец кој за прв пат започнува да се занимава со земјоделска дејност преку преземање на постоечко земјоделско стопанство или со воспоставување на ново земјоделско стопанство. Согласно член 67 од Законот за земјоделство и рурален развој поддршката по Мерка 112 се реализира преку одобрен деловен план од страна на Агенцијата кој треба да предвидува инвестициони активности за модернизација на земјоделското стопанство за период од најмногу три години од денот на одобрувањето на поддршката.