Sinpeks Logo

Почетоци

СИНПЕКС е компанија во приватна сопственост, која егзистира од 1990 година со основна дејност застапување, продажба и сервисирање на гама производи (механизација, машина и опрема) наменети за...

повеќе

каде сме денес

Кога треба да одберете ефикасна и стабилна земјоделска, градежна или механизација за парк, не постои подобар избор од производите на СИНПЕКС. Веќе 25 години нудиме целосен асортиман на опрема...

повеќе

визија

Нашата визија е да се развиваме како компанија со стабилна пазарна позиција, која пласира различни видови механизација во областа на земјоделството, шумарството и градежништвото, како и...

повеќе

достигнувања

Тоа што нè прави поразлични од конкуренцијата, е нашата желба постојано да иновираме и да се надградуваме како компанија во целост. Учењето, несебичноста, подобрувањето, помагањето и стремежот за...

повеќе
sample64

ЗЕМЈОДЕЛСКА МЕХАНИЗАЦИЈА

листа на производи

sample64

сè за домот и градината

листа на производи

sample64

градежна МЕХАНИЗАЦИЈА

листа на производи

sample64

МОТОРНИ МАСЛА И МАЗИВА

листа на производи

sample64

ВЕШТАЧКИ ЃУБРИВА

листа на производи

- брендови -

Сервис

За да се намали времето на застој на машината и да се зголеми ефикасноста и ефективноста при работата, сите наши купувачи во зависност од нивната потреба, експресно ќе ја добијат бараната сервисна услуга или совет, независно дали се работи на терен, в поле или во домаќинството. Нашите сервисери се максимално достапни и постојано присутни за да одговорат најпрофесионално на вашите барања. Освен високообучениот кадар, сервисот располага и со соодветна техничка опрема за дијагностика, со соодветен алат, како и со возило за мобилен сервис што ќе одговори на потребите за сервисирање на кое било мeсто во државата.

Сервис СИНПЕКС Битола 047 208 518

Резервни Делови

Како генерален застапник на повеќе брендови, во делот на постпродажна грижа и поддршка на клиенти, нудиме и оригинални резервни делови. Само со оригинални резервни делови може да постигнете перфекција во работењето на вашата машина, без разлика дали се работи за мали ситни тековни промени или покрупни потреби. Само оргиналните резервни делови, изработени од најквалитетни материјали ветуваат долготрајност и сигурност, а со тоа и ефикасност на машината. За да се постигне комплетност, во понудата ги ставивме и оригиналните флуиди, масла и мазива препорачани или произведени специјално за машините што ги застапуваме. Бидејќи секогаш сме на страната на нашите клиенти и постоиме да ги задоволиме нивните потреби, во нашата компанија функционира служба специјализирана во доменот на резервни делови.

Служба за резервни делови: parts@sinpeks.com.mk 047 208 537

- грантови -

IPARD Програма Млад Земјоделец

Инструментот за претпристапна помош за рурален развој – програмата ИПАРД II (2014– 2020) за Република Македонија претставува пристап до фондовите на Европската Унија наменети за финансиска помош за одржливо земјоделство и рурален развој. Фокусот е на имплементација на законодавството на Европската Заедница во однос на заедничката земјоделска политика и политиките за конкурентно одржливо земјоделство, силни и одржливи рурални заедници, како и разновидна и одржлива рурална животната средина.
Подготовки на Програмата за користење на средствата од инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија (ИПАРД) за периодот 2014-2020.
Процесот на подготовка на програмата ИПАРД II (2014-2020) беше спроведен во надлежност на Секторот за управување со претпристапната помош на ЕУ за руралниот развој ИПАРД, во соработка со агенцијата ИПАРД и во постојана консултација со сите релевантни заинтересирани страни (државни, регионални,локални и други јавни органи, економските и социјалните партнери и сите други соодветни тела што го претставуваат граѓанското општество, невладините организации, вклучувајќи ги и еколошките организации, претставници на малцинските групи, заинтересирани страни и тела одговорни за промовирање на еднаквоста меѓу мажите и жените). Во програмата ИПАРД II 2014-2020 се предвидени следниве 5 мерки:

Инвестиции во материјални средства на земјоделските стопанства
Инвестиции во материјални средства за преработка
Диверзификација на фарма и развој на бизнисот
Техничка помош
Инвестиции во руралната јавна инфраструктура
повеќе за IPARD

Со 10 илјади евра за отпочнување бизнис во земјоделскиот сектор , државата ги поддржува сите оние кои со бизнис план ќе аплицираат до Платежната агенција. Поддршката за започнување со земјоделска дејност се доделува на млад земјоделец на возраст од 18 до 40 години старост кој за прв пат започнува да се занимава со земјоделска дејност преку преземање на постоечко земјоделско стопанство или со воспоставување на ново земјоделско стопанство. Парите се исплаќаат според деловниот план на подносителот. Земјоделците средствата најчесто ги побаруваат за нови насади, набавка на нова механизација и развој на агробизнисот.
Од федерацијата на фармери очекуваат дека со ваквите проекти значително ќе се унапреди аграрот и дека младите со своите знаења и модалитети значително ќе придонесат за развојот на земјоделието во Република Македонија.

Поддршката за започнување со земјоделска дејност се доделува на млад земјоделец кој за прв пат започнува да се занимава со земјоделска дејност преку преземање на постоечко земјоделско стопанство или со воспоставување на ново земјоделско стопанство. Согласно член 67 од Законот за земјоделство и рурален развој поддршката по Мерка 112 се реализира преку одобрен деловен план од страна на Агенцијата кој треба да предвидува инвестициони активности за модернизација на земјоделското стопанство за период од најмногу три години од денот на одобрувањето на поддршката.

Упатство за користење

- контакт -